Од Шанса за Центар информираат дека, за жал, се потврдило правилото дека „устав може да се смени, ама ДУП никако“.
– На здравје нека се во Буњаковец над 1 милион квадратни метри бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от, над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от, над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от, над 9.300 просечен број семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от и на крај, 0.36 квадратни метри зеленило за жител или воопшто – велат до Шанса за Центар
Уставниот суд, без расправа и повикување експерти, ја отфрлил иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец, во кој спаѓа и просторот на „Треска“.
Од Шанса за Центар информираат дека, за жал, се потврдило правилото дека „устав може да се смени, ама ДУП никако“.
– На здравје нека се во Буњаковец над 1 милион квадратни метри бруто изградена површина за домување наместо 400.000 што ги дозволува ГУП-от, над 60% изграденост за домување наместо 22% колку што дозволува ГУП-от, над 33.000 жители наместо 12.500 колку што дозволува ГУП-от, над 9.300 просечен број семејства наместо 3.400 колку што дозволува ГУП-от и на крај, 0.36 квадратни метри зеленило за жител или воопшто – велат од Шанса за Центар.
Тоа, според нив, ќе значи густина на изграденост со планираните висини, со кои не се обезбедува минимален стандард за нормално хумано живеење или доволна аерација и минимални два часа осонченост, уште подолги листи за чекање за запишување во градинка, училишта…
Иницијативата за оценување на уставноста на планот за Буњаковец беше поведена од адвокатката на граѓанската иницијатива Шанса за Центар, Сузана Јошевска. На 14 јули, таа побара уставните судии да се произнесат за важноста на планот, со тврдење дека е во спротивност на ГУП-от на Град Скопје, кој е со важност до 2022 година.
(А.П.)