Дупло поголема плата за Санчо

29
Раководните лица на германскиот гигант Борусија од Дортмунд, решија да го наградат англискиот интернационалец Џејдон Санчо. Офанзивниот игралч за врска е еден од најдобрите фудбалери на „Сигнал Идуна Парк“ и бундеслигашот сака по секоја цена да го задржи во своите редови уште неколку сезони.
Поради таквата амбиција, челниците на Борусија решија да му ја зголемат годишната плата за дури 50%. Во следните неколку сезони Санчо ќе има годишна плата од 6 мил. евра.