Раководните лица на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Наср, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на централниот дефанзивец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Доколку ја прифати понудата за преселба во Саудиска Арабија, холандскиот интернационалец ќе има дупло поголема плата од таа која ја заработува на „Енфилд“.