Дрисла и УСЈЕ под вонреден инспекциски надзор

112

Вкупно 1.969 надзори на инсталации има извршено Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) до 31 октомври годинава, кои подложат на А-ИСКЗ дозволи и елаборати за животна средина и исто толку записници за констатација.

Во инспекциската постапка се издадени 215 решенија со соодветни законски мерки (наредува/забранува), 45 прекршочни и шест кривични пријави и еден прекршок од трета категорија.

Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, по одржаниот координативен состанок за засилување на инспекцискиот надзор од испекциските служби на државно и на локално ниво, ДИЖС има извршено вонредни инспекциски надзори на 4, 5 и 6 ноември, во 20 инсталации чие инспекторирање е во негова надлежност.

– Покрај редовните, вонредни инспекторирања се вршат паралено на територија на целата држава и направени се на Депонијата „Дрисла“, Цементарница „Усје – Титан“, „Пејпер Мил Кочани“, „Тетекс“, Тетово, „Вардар Доломит“, Гостивар, „Теал Тетово“; „Тетекс Јарн“ од Тетово; „Блу текнологи“ Тетово; „ДС -СМИТ“, Скопје, „Викторија Инвест“, асфалтна база во Ново Село Дебрца, ГП „Гранит“ асфалтна база Битола,  „Оранжерии Хамзали“ село Хамзали Босилово, „Техно Павер Превалец“, Велес, „Тулана“, Гостивар, „Горни Полог“ од Гостивар; „Макстил“ Скопје, ДТУ „Агромаркет Игор“ , Владиевци општина Василево и Живинарска фарма „Ветеринар“ Гевелија – соопштува МЖСПП.

Во дел од инсталциите, како што се наведува во соопштението, мерењата се во рамки на дозволените граници, дел се задолжени да вршат вонредни мерења покрај редовните од дозволите, дел каде претходно имаат издадено решенија за забрана на работа констатирано е дека се почитуваат, а дел воопшто не работат.