Државниот секретар Виктор Димовски на церемонијата на одбележувањето на 20-годишнината од присуството на НАТО на Косово

112

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски на 12 јуни 2019 година во Приштина присуствуваше на церемонијата организирана по повод 20 годишнината од присуството на НАТО на Косово.

За време на престојот Виктор Димовски оствари средба со заменик министерот за надворешни работи, Черкин Муколи на која беше реафирмирана заемната определба за градење на односи на добрососедство и пријателство. Воедно, беа разменети мислења за можностите за натамошно унапредување на односите и соработката во поголем број на области од заемен интерес и во тој контекст и за подготовките за претстојната заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Косово.

За време на престојот во Приштина Димовски оствари средби и со Кристијан Хелбах, Директор за ЈИЕ во германското МНР и Анџелина Ајхорст, директор во ЕЕАС, службата за надворешна политика на ЕУ.

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија