Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, на својот профил на фејсбук информира дека се казнети и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје во населбите Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел, но и маркети во Струга.
Апелирам до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат кога е во прашање интересот на граѓаните. Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и одлуките на владата. Исто така нема да дозволам некој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните, потрошувачите, напиша Трајковски.
Трајковски не дава конкретна информација за какви прекршоци се казните и затворени ланците маркети.