На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини“, велат од ДЗС и додаваат дека електронската апликација е достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Се подготвува спроведување на пописот, додека власта и опозицијата имаат спротивставени ставови.
Од владеачката коалиција децидни дека пописот мора да се спроведе, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа процедурата за собирање на граѓански потписи за одложување на пописот.