Државите од Дримскиот Басен во нова фаза на соработка

11

Претставници од земјите вклучени во проектот „Дримски Басен“ ја одржаа Осмата конференција, на која е направен осврт на целокупниот процес за соработка за управувањето со Дримскиот Басен и беа дискутирани чекорите што се предвидуваат за во иднина. На состанокот е потврдена заложбата на државите, но и на останатите заинтересирани субјекти за заедничко одржливо управување со ресурсот и интегрирани напори за развој.

Проектот за управување со Дримскиот Басен промовира заедничко управување со споделените водни ресурси на прекуграничниот басен, вклучувајќи и развивање координативни механизми за управување со ресурсите на ниво на подбасени.

– Претставниците на земјите од Дримскиот Басен и од меѓународните организации во регионот ги презентираа своите видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен, како и придонесот во спроведувањето на Дримскиот проект. Каја Шукова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, потенцираше дека имајќи ги предвид целите на Стратешката акциска програма и предложените мерки, Македонија силно поддржува можна нова фаза и нов проект за имплементација на Стратешката акциска проеграма за Дрим – информираат од МЖСПП.