Драмски театар: „Грев или шприцер“ и „Капетанот Џон Пиплфокс“ ќе може да се гледаат на Јутјуб

86

Утревечер (петок, 22 мај) со почеток во 20:00 часот, на Јутјуб каналот на Драмски театар Скопје ќе можете да ја видите претставата „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски, информираа од оваа институција.

„За сабота, пак, (23 мај) во 19:00 часот ќе ја емитуваме претставата за младите ‘Капетанот Џон Пиплфокс’ по текст на Душан Радовиќ, а во режија на Коле Ангеловски“, велат од Драмски театар.