Драма на најегзотичната плажа на Закинтос: Карпа падна врз туристи – превртени бродови и многу повредени

21

Се одронал дел од карпата од висина на 200 метри на плажата Навајо, која е достапна само по морски пат. Таа е една од главните атракции на островот заради природата и старите остатоци од брод кој тука се заринкал и според кој плажата и го добила своето име.

Најмалку три лица се повредени од одрон на карпа на популарната плажа на островот Закинтос, објавија грчките власти. Меѓу повредените била е една странска туристка која според официјалните претставници на крајбрежната стража била пренесена во локалната болница.

Припадниците на крајбрежната служба исто така бараат исчезнати лица, објавија грчките медиуми.

Локалните медиуми ги пренесоа изјавите на сведоците кои велат дека голема карпа паднала во морето и создала голем бран, кој, според сведоците, потонале најмалку три помали брода.

Се одронал дел од карпата од висина на 200 метри на плажата Навајо, која е достапна само по морски пат. Таа е една од главните атракции на островот заради природата и старите остатоци од брод кој тука се заринкал и според кој плажата и го добила своето име

Грчките власти најавија дека веднаш се испратени спасувачки тимови на пожарникари и кучиња трагачи. Тимовите се обидуваат да утврдат дали има исчезнати. Пожарникарската служба извести дека испратиле 18 спасувачи и едно куче трагач додека една екипа од уште девет спасувачи биле испратени со хеликоптер.

По нивните наводи, плажата е евакуирана и на бродовите им е забранет влезот во заливот на неодредено време.

Според зборовите на сопствениците на приватните бродови, кога се случил одронот, на тоа подрачје имало три бродови со патници.

“Слушнавме звук и помал дел од карпата падна во морето, а потоа падна и другиот дел и на крајот третиот голем дел кој предизвика бранови и превртуваше бродови”, рекол неименуван сведок за агенцијата “АМНА”.

Таа локација, според грчките медиуми е една од плажите со најмногу слики објавени на инстаграм, а особено популарна е за љубителите на екстремни спортови. Голем број македонски туристи им е омилена дестинација, а оваа плажа е најубава плажа на Закинтос. Но до затварањето на весникот немаше информација дали во времето на несреќата меѓу туристите имало и македонски државјани.