Драма во Норвешка – Напаѓач со нож повредил четири лица

222

Најмалку четири лица се повредени, од кои едно потешко, во инцидентот што се случил утрово во Норвешка кога едно лице ги нападнало луѓето со нож. Инцидентот се случил во градот Нумедал, на југоистокот на Норвешка, соопшти локалната полиција.

Според норвешките медиуми, полицијата добила дојава за нападот околу 8.45 часот по локално време. А, набрзо потоа на местото пристигнале возила на Брза помош, противпожарни екипи и три хеликоптери.

Шефот на противпожарната екипа тврди дека полицијата во меѓувреме успеала да го фати напаѓачот.

„Успеаја да го фатат, имаат контрола над него. Тоа е се што знаеме засега“ – изјавил пожарникарот.