ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Издадено предупредување за опасност

483

Поради пожар во Грција итно се евакуирани детска болница и старечки дом.

Пожар се шири во предградието на јужниот град Патра. Нема информации за повредени. Вкупно евакуирани се дваесетина деца, соопштија здравствените власти, додавајќи дека ниту една куќа не е загрозена од пожарот, кој беснее низ боровата шума на периферијата на градот, лоциран на околу 200 километри западно од Атина.

Околу 80 пожарникари со помош на 10 авиони кои фрлаа вода се обидоа да го изгаснат пожарот. Во најмалку три региони има пожари. Од 1 мај, заклучно со 7 јули годинава во Грција биле регистрирани 2.166 пожари, изречени 256 казни и уапсени 123 лица, соопшти преку платформата Икс министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА. Скоро секое лето во Грција има страшни пожари.