Авионската писта на грчкиот остров Скиатос изградена на само неколку метри од морето е вистинска туристичка атракција иако за пилотите не е многу омилена токму поради нејзината локација.
Деновиве на интернет беше споделено видео од навистина драматичлно слетување на авион на Визер кој ги „прошиша“ посетителите, за малку ја промаши оградата и на крај сепак среќно слета на пистата на островот.
Дури и искусните набљудувачи изгледале шокирани кога авионот забрзано се упатил кон пистата и за влакно ја промашил оградата на аеродромот. Неколку луѓе се собрале на плажата и на патот што минува по должината на тесното парче помеѓу морето и воздушната патека. Меѓутоа, како што се приближувал Airbus A321neo, станувало сè појасно дека пилотот лета многу ниско. Затоа, некои набљудувачи почнале панично да бегаат пред авионот што се спуштал.