До 7 декември: Македонски филмови се прикажуваат во Приштина

95

Со проекцијата на филмот „Среќна нова ‘49“ во која главната улога ја толкува познатиот македонски театарски и филмски актер Мето Јовановски, а во режија на Столе Попов, во киното „Абц“ во главниот град на Косово, Приштина започна  „Неделата на македонскиот филм“, која ќе трае до сабота, 7 декември.

Манифестацијата ја организира државната филмска куќа „Косовафилм“, со поддршка на Министерството за култура на Косово, во соработка со Кинотека на Северна Македонија.

По отворањето на манифестацијата на Факултетот за уметности при Приштинскиот универзитет е одржана и дебата. Денеска (3 декември) ќе биде прикажан „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, в среда (4 декември) „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, в петок (6 декември) „Медена ноќ“ на Иво Трајков, а „Неделата на македонскиот филм“ в сабота (7 декември) ќе ја затвори филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска.