До 17 часот во општина Демир Хисар гласале 61,93 проценти од избирачите

28

Локалните избори во Демир Хисар се одвиваат непречено и во демократски амбиент. Поради технички пречки на избирачкото место број 0630 во село Обедник, изборниот ден ќе биде продолжен за два часа и ќе заврши во 21 часот.

Претседателот на ОИК-Демир Хисар Благојче Брсаковски информира дека на 36 избирачки места до 17 часот гласале 61,93 проценти од вкупно 6959 полнолетни граѓани запишани во Единствениот избирачки список.

За Општина Демир Хисар има дцајца кандидати за градоначалник и пет листи кандидати за членови на општинскиот Совет