ДО СРЕДИНАТА НА ЈАНУАРИ: Децата од Домот „11 Октомври“ ќе бидат сместени во мали групни домови

67

До средината на јануари целосно ќе се трансформира и Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, во рамки на процесот за деинституционализација. Дел од децата веќе се сместени во два групни дома во Скопје, а до крајот на неделата дел од децата ќе се згрижат во мал групен дом во Штип. Се очекува последната група деца Домот „11 Октомври“ да го напушти до почетокот на второто училишно полугодие,

– Пред неполни три месеци целосно беше трансформиран и Домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во пет мали групни домови во Скопје и се вклучени во редовниот образовен процес. Исто така до крајот на минатата година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години и сместени во мали групни домови каде што добија 24-часовен надзор, и индивидуализирани програми и дефектолошки третмани. Со овој процес досега бројот на деца сместени во институции се намали за 60 отсто – најавуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму ги истакнуваат заложбите до 2020 година ниту едно дете под 18 години да не остане во институциите и целосно да го промени начинот на кој државата се грижи за децата и возрасните кои им е потребна долгорочна социјална грижа.

Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува во партнерство со УНИЦЕФ, УНДП и Делегацијата на ЕУ во Македонија.