До крајот на декември К-15 за работниците, минимумот годинава 9.610 денари

81

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година, а на газдите им остана уште помалку од еден месец да го исплатат. Оваа 2019. година до крајот на декември на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари.

Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари. Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.