Дојран забранува престој на граѓани што не се нивни жители

125

Дојран одлучи да го забрани престојот на сите  домашни и странски граѓани на кои  според личните документи оваа општина не им е постојано место на живеење. Ова е одлучено на последната седница на општинскиот совет на која било констатирано дека со стапувањето во сила на одлуката за вонредна состојба во државата драстично се зголемил бројот на граѓани кои пројавиле интерес за престој во оваа општина.

Освен на сопствениците на викенд куќи, пораснал и бројот на граѓани од другите  делови на државата кои  почнале да бараат соби за изнајмување во овој туристички центар и тоа на период од дваесет до триесет дена, објави Телевизија Кобра.

Дојран забранува престој на граѓани што не се нивни жители

Дојран забранува престој на граѓани што не се нивни жители

Posted by Televizija Kobra on Thursday, March 26, 2020