Селекторот на Холандија Луис ван Гал им пркоси на законите во Катар. За време на Светското првенство во фудбал тој јавно призна дека сака да има секс во хотелската соба и покрај строгиот режим кој го има оваа земја.
Камерите го уловија 71-годишен селектор на Холандија како за време на тренингот ѝ сугерира на сопругата да одат до хотел и „на брзина“ да ја завршат работата. Не се знае дали сопругата Трус се согласи, но овој предлог го доби јавно и пред целиот стручен штаб на Холандија!
- Би можела да дојдеш до хотелот, да дојдеш до мојата соба да се сексаме, велеше Ван Гал пред ТВ камерите.
Ван Гал е 14 години во брак со Трус и таа му е втора сопруга, а се воодушевил кога ја видел на тренинг по победата над Сенегал. Сфатил дека неговиот предлог е снимен во еден момент, но после тоа – се насмевна.
Тој пред Мундијалот откри дека Трус подготвила три пара „среќни портокалови гаќи“ за овој Мундијал и истакна дека ќе ги носи само додека е во Катар. Ван Гал очигледно закрепна од ракот на простатата кој го нападна на почетокот на 2022 година и сега изгледа сосема здрав.