Дојава за бомба на белградскиот аеродром: Пистата блокирана, патниците евакуирани, летовите ќе доцнат

138

На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград вечерва е добиена анонимна дојава за бомба.

Како што дознава српски Блиц, авионот на „Визер“ за Барселона ги пуштил таканаречените тобогани со цел патниците да се евакуираат.

– Тоа ја блокираше пистата и создаде голем проблем. Очекувајте големи одложувања, пренасочувања и откажувања. Постои опасност до полноќ сѐ да биде затворено – изјавил изворот.