Донесена Уредбата за ваучери за поддршка на домашниот туризам

29

Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за издавање ваучери на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, како дел од третиот пакет економски мерки за поддршка на граѓаните за ублажување на последиците од корона кризата и за поддршка на потрошувачката на домашни производи и услуги.

Ваучерот за туризам, со номинална вредност од 6.000 денари издаден од Министерството за економија ќе го добијат вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување, преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.