ДОНАЦИЈА ОД “ЖИТО ЛУКС”: Радиолошки апарати за Институтот – Козле

63

Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле доби нова донација од “Жито Лукс”, негатоскопи кои се технолошки напредна опрема дизајнирана за читање на рентгенските Х-зраци и се наменети за радиолошка дијагноза.

– Загадувањето на воздухот е актуелен проблем кој е причина за голем број респираторни заболувања кај луѓето. Најпогодени од целата ситуација се децата и токму затоа нашето внимание, како општествено одговорна компанија, го насочивме кон детските здравствените институции – изјави Лидија Трајковска Ристевска, маркетинг менаџер во “Жито Лукс”.

Новите апарати значително ќе ја подобрат работата на Институтот Козле и навремената интервенција.

– По континуираната поддршка и активната грижа, во “Жито Лукс” препознаваме многу повеќе од општествено одговорна компанија, таа веќе е пријател на оваа здравствена установа и на децата што тука се лекуваат. Секоја донација ни е добредојдена, но посебно не радува кога станува збор за донација на современа опрема која може многу да ни помогне во прецизна, брза и навремена дијагноза – изјави Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле.