Домот на културата во Собри ќе добие нов покрив

71

Нова покривна конструкција наскоро ќе добие Домот на културата во валандовското село Собри со цел да се заштити од понатамошно руинирање и да се спречи процесот на разурнување на објектот, потврдија денеска од Општина Валандово.

– По завршување на оваа прва фаза, веднаш ќе следи и втора фаза од предвидената реконструкција во која објектот ќе биде целосно обновен, адаптиран според намената за која е направен и ќе биде ставен во функција на жителите од ова населено место- велат од Општината.

Предвидените градежни активнисти за реконструкција на Домот на културата во Собри ќе ја чинат Општина Валандово околу 20.000 евра кои ќе бидат издвоени од сопствениот буџет.