Ако сте мераклии на вкусно, топло домашно лепче, а немате многу време за месење, стасување, печење…постапка која трае подолго време, ова „брзо“ лепче е наменето за вас. Не ви требаат многу состојки, а на трпеза можете да го имате за 20-тина минути. Побрзајте…

Состојки: 

  • 2 чаши брашно (чаша од 250 мл)
  • 1 чаша јогурт
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол
  • парче путер
  • сусам, мелени интегрални семиња, оригано или буковец

Подготовка:

  • Во пластичен сад ставете го брашното, додадете ја солта и пецивото и измешајте.
  • Направете вдлабнатина во брашното и ставете го јогуртот
  • Замесете го тестото и бидејќи ќе ви се лепи, поради јогуртот, додадавјте по малку брашно за да го замесите.
  • Кога ќе ги соедините сите состојки, поделете го тестото на два дела.
  • На хартија за печење обликувајте две тенки лепчиња
  • Премачкајте ги лепчињата со една лажичка јогурт и врз нив ставете некој од зачините, секако по ваша желба. Ви предлагаме оригано или буковец.
  • Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени
  • Печете 10-15 минути, додека лепчињата не се зацрвенат
  • Извадете ги од рерната, напрскајте ги со малку вода и премачкајте ги со путер

Уживајте во вкусот и мирисот на топлото домашно лепче, незаменливо е!