Сезоната на јагоди е во полн ек. Вкусни се и мирисни, ги обожаваат сите. Покрај нивната нутритивна вредност, јагодите се корисни и за лекување на анемија, зајакнување на крвта, а исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Содржат големо количество витамин Ц и железо.

Освен во торти, колачи, џемови и слатко, јагодите се одлично овошје за подготовка на домашен сок. Ви претставуваме одличен рецепт за брза и едноставна постапка за подготовка на сок од јагоди.

Состојки:

  • 5 кг јагоди
  • 500 гр шеќер
  • 1 лимон
  • 1,5 до 2 литри вода

Подготовка: 

Јагодите добро измијте ги, исчистете ги од зелените ливчиња и добро наситнете ги или ставете ги во блендер. Ставете ги во голем сад, додајте шеќер и сок од лимон. Потоа додавајте вода до саканата густина на сокот. Ставете ги да се варат додека не зовријат.

Шишињата за сок загрејте ги и во топли сипајте го сокот. Добро затворете ги и вратете ги во рерна на еден час на 90 степени. Сокот е готов. Оставете добро да се олади и можете да го конзумирате.

Уживајте во вкусот и свежината на сокот.