Домашен путер од кикирики

70

Испробајте го овој домашен деликатес …

Потребно е за една мала тегличка:
300 гр кикирики во кора

Подготовка:
– Исчистете ги кикириките од кората и излупете им ја лушпата.

– Ставете ги во блендер и измелете ги на најголема брзина. Кикириките прво ќе се сомелат, а потоа ќе почнат да испуштаат маснотија. Од време на време исклучете го блендерот за да не се прегрее. Мелете ги кикириките додека не добиете густа смеса.

– Ако сакате путер од кикирики со парчиња кикирики тогаш на крај додадете сецкани кикирики во него.