Домати увезени од Албанија и Италија со опасни пестициди откриени на пазарите во Атина

32

Грчките власти повлекле од пазарите за овошје и зеленчук во Атина 4,6 тони домати увезени од Албанија и од Италија, поради големо присуство на опасни пестициди. Целата количина, дистрибуирана од грчка компанија, ќе биде уништена  бидејќи се опасни за консумирање.

Веста за откривање на домати со пестициди е објавена на официјалната веб страница на грчката агенција која врши контрола, но исто така и од грчките и албанските медиуми. Тиранската телевизија Топ чанел неколку месеци по ред алармираше за скандалот со пестициди кои се употребуват без критериуми и неконтролирано.

-Министерството за земјоделство, првично ја игнорираше оваа појава и молчеше, за да на крај неговите претставници признаат дека во Албанија влегле шверцувани и опасни пестициди. Еден од нив беше пестицидот метанол 90 кој е забранет за употреба. Секој ден од Албанија, во други, пред се соседните земји, се извезуваат по 200 тони домати,- наведува Топ чанел.

Од албанското Министерството за земјоделство, за телевизијата изјавиле дека немаат официјално соопштение од грчките колеги и оти во текот на годинава немаат ни еден случај на поплака за безбедноста на доматите произведени во Албанија  во системот RASFF – Food and Feed Safety Alerts. Од таму додаваат дека доматите се откриени на пазар, а не на граница што ја доведува во прашање земјата на нивното потекло.

Албанските фармери годинава во Грција имаат продадени над 514 тони домати.