Долетаа фламингата, наскоро од Лондон се очекуваат пингвините

1055

Во скопската Зоолошка градина пристигнаа млади 15 птици од родот фламинго. Од ЗОО информираат дека во моментов птиците се чуваат во специјални услови, а јавноста ќе може да ги види онлајн кога ќе биде комплетно подготвено нивното живеалиште.

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски на фејсбук ја сподели радосната фест најавувајќи уште една, а тоа е дека наскоро од Лондон во Скопје ќе пристигнат и пингвините.

– Со огромна помош на град Скопје, за кратко време го добиваме живеалиштето за пингвини, кое ќе биде едно од најубавите во Европа, а пингвините ќе пристигнат од Лондон. Живеалиштата се при крај, се надеваме дека наскоро ќе заврши пандемијата и граѓаните ќе можат да уживаат во глетките на овие најубави тропски птици – објави Галетановски.