Британскиот премиер Риши Сунак планира да понуди предизборно намалување на даноците во буџетот за следната година доколку инфлацијата падне под три проценти оваа година.
„Како конзервативци, сите сакаме да ја намалиме големината на државата и да ги намалиме даноците“, рече Сунак на состанокот на владата пред буџетот во средата, пренесе Ројтерс.
Министерот за финансии Џереми Хант се обиде во својот буџет во средата да ја ревитализира стагнантната економија, за која рече дека сега е подготвена да избегне рецесија оваа година.
Цитирајќи ги новите податоци од Канцеларијата за буџетска одговорност, Хант рече дека се предвидува дека инфлацијата ќе падне од 10,7 отсто во последниот квартал од минатата година на 2,9 отсто до крајот на 2023 година.