Дознајте зошто комарците зујат: не значи дека нема да ве касаат, ама подобро ќе ги разберете

206

Речиси секој би се согласил дека не постои ништо по иритирачко од зуење на комарец штом конечно ќе си легнете да спиете по неиздржливо врела летна ноќ, но дали сте се прашале зошто зујат.

Освен што нивните убоди пецкаат и чешаат и потенцијално пренесуваат сериозни болести, од кои стапката на смртност и понатаму е висока, комарците едноставно излудуваат со своето зуење, а омилено место за тоа им е околу ушите.

Звукот од зуењето кое го произведуваат комарците доаѓа од движењето на нивните крилја, а се вбројува во карактеристиките кои природата им ги дала поради репродукција.

Зуењето карактеристично за присуството на комарците има улога во нивниот репродуктивен процес. Ако мируваат, женките комарци би биле невпечатливи и игноририани. Кога летаа и зујат, тие се наоѓаат во радарот за парење на машките комарци.

Кој зуи повеќе, машките или женските комарци?

Познати се повеќе од 3000 видови комарци на светот, ама во ниту еден од видовите машките комарци не се хранат со човечка крв. Според тоа, околу вашите глави зујат повеќе женски отколку машки комарци, а поединци веруваат дека способноста за зуење ја имаат само женките.

Докажано е дека сите инсекти кои имаат крилја ги користат за собирање храна, што значи дека и сите комарци летаат за да преживеат. При летањето се ослободува звук кој произлегува од ударот на крлијата од телото. Според тоа, без оглед на полот, комарците зујат.

Дали комарецот зуи и кога каса?

На оваа претпоставка одговор повеќе дава чистата логика отколку биологијата. Доколку комарецот ви зуи околу ушите, тоа само значи дека уште не слетал на вашата кожа, а кога ќе го направи тоа, неминовно е да се почести од вашата крв.

Луѓето често имаат впечаток дека комарците повеќе ги напаѓаат токму нив отколу оние што се наоѓаат во нивна непосредна близина. А тоа може и да биде вистина и тоа од повеќе причини. Испотената кожа ослободува повеќе топлина и карбон-диоксид, потемна боја на блуза или „послатка крв“ исто така можат да бидат причини кои можат да ги оправдаат ваквите сомнежи.