Српскиот ракометен репрезентативец Стефан Додиќ, кариерата ќе ја продолжи во полски Киелце. Додиќ (18) моментно ги брани боите на Охрид, а од наредната сезона ќе го облече дресот на поранешниот европски шампион.

Претходно беше дел од Металург, од каде замина поради лошата финансиска ситуација на тимот од Автокоманда. Српскиот интернационалец дебитираше во репрезентативниот дрес, постигна и деби погодок во големата победа против Франција.

Покрај Додиќ, полскиот шампион од наредната година ќе може да смета и на Недим Ремили, Сташ Скубе, Елиот Стенмалм, Халил Јагањац и Беноа Конку.