Додик: На Ѓукановиќ не му беше потребен конфликт со СПЦ

10

Милорад Додик наведе дека станува збор за опасна намера на Ѓукановиќ да изгради нова црква од ресурсите на српскиот народ, оценувајќи дека е попаметно Црна Гора да изгради соработка со Српската православна црква.

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, му порача на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека Српската православна црква (СПЦ) и српскиот народ во Црна Гора постоеле пред него и другите кои се обидуваат на сила да го избришат српското име.

„Сега можам слободно да кажам дека ова е државна политика на Црна Гора. Ако претседателот на Црна Гора го објави ова како цел, тогаш е јасно дека станува збор за спроведување на државната политика. Затоа сега е наша обврска, сите ние што сме претставници на српскиот народ, да ја докажеме погубноста на таа политика за сите нас, и заедно да застанеме во одбрана на српскиот народ и Српската православна црква“, изјави Додик.

Тој наведе дека станува збор за опасна намера на Ѓукановиќ да изгради нова црква од ресурсите на српскиот народ, оценувајќи дека е попаметно Црна Гора да изгради соработка со Српската православна црква.

„Нашата црква во Црна Гора никогаш не ја оспори државноста на Црна Гора. Тоа е причината зошто сега градењето непријатели со српскиот народ и Српската православна црква се чини дека е единствениот излез за црногорската влада да зачува концепт што нема вистинска поддршка кај народот “, заклучи Додик.

Извор:МИА