Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски додели пакети со бебешки производи на првите пет новороденчиња во 2020 година на нејзината територија.
Од локалната самоуправа велат дека барањата за еднократна парична помош за новороденче во висина од 5.000 денари се исплаќаат редовно.
Рокот за поднесување на барањето е 3 месеци од денот на раѓањето на бебето.