Додека трае вонредната состојба професионалните возачи повеќе ќе возат, помалку ќе одмораат

287

За да се обезбеди побрз проток на стоките и услугите и да се намалат чекањата на границите и на одморалиштата, Владата донесе уредби со законска сила со кои, како што соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, на професионалните возачи им се зголемува времето за возење, а им се намалува времето за паузи, додека трае вонредната состојба.

Така, дневното време за управување со возило од сегашните девет се зголемува на 11 часа, неделното од 56 на 60, или вкупноот време во две последователни недели од 90 се зголемува на 100 часови.

Наместо како што е вообичаено, на секои 4,5 часа возачите да прават пауза по 45 минути, сега ќе паузираат по 5,5 часа возење. Со ова дневниот одмор на возачите се намалува од 11 на 9 часа.

Исто така, со уредби Владата одлучи ите лиценци, сертификати и овластувања од транспортниот и градежниот сектор кои се истечени да продиолжат да важат додека трае вонредната состојба, а оние од градежништвото и 60 дена потоа.

Сугарески тврди дека државата, како и Јавното претпријатие за државни патишта редовно, на дневна основа ги исполнуваат финансиските обврски кон компаниите кои работат на инфраструктурните објекти. (С.В)