Девојката на Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, е секогаш во центарот на вниманието каде и да се појави. Лука и Ана веќе некое време живеат заедно во Тексас, но обврските со Далас го принудија Словенецот на неколку месеци да се пресели во Орландо, каде со својот тим ќе ја продолжи сезоната во НБА лигата.

Затоа Анамарија одлучи да ја смени својата локација и да замине на одмор, и тоа во Хрватска!

Ова веднаш предизвика лавина коментари, од позитивни до негативни. Од типот „Што правиш Лука?!“, до коментирање за нејзинаата коса.

Некои решија да коментираат за костимот за капење и оценија дека не е на нејзино ниво, бидејќи бевме навикнати на малку повеќе гламур.

Интересно е што порано играше кикбокс и беше танчерка, што покажува цела низа таленти, а се натпреваруваше на повеќе европски и светски првенства.

Двајцата ја објавија својата врска на Европското првенство во кошарка во 2017 година, каде Дончиќ го зеде златниот медал совладувајќи ја Србија во финалето. По финалети се бакнаа, а од тогаш станаа една од омилените двојки во Словенија. Тие започнаа да се забавуваат во 2016 година, а во моментов живеат заедно во Далас, и покрај фактот шти таа вели дека повеќе ја сака Европа.

  • Лука и јас се запознавме во Хрватска. На море, на годишен одмор пред 12 години. Ова е наша втора година во Далас и го сакам овој град. Далас е како европски град во Америка. Ме потсетува на дома, истакна пред неколку години Анамарија.