Доволно е да уживате во добрата храна:Попусто сте љубезни, во овој ресторан не се бараат манири, особено од келнерите/видео

48

Каренс е интерактивен ресторан кој на гостите им нуди апсурдно и забавно искуство.

Место каде што можете да се жалите колку што ви душа сака на безобразните келнери бидејќи тие и се такви.

Персоналот кој работи таму нема манири, особено е непристоен и воошто не му води сметка за тоа, ама радо добро ќе ве нахрани и забавува на начин кој нема да го заборавите.

Инаку, Карен е често женско име во урбаниот речник кој означува личност која постојано се жали на нешто. Го бара менаџерот на продавницата ако на полицата го нема нејзиниот омилен прашок, менаџерот на ресторанот ако соларникот е полупразен, или менаџерот на бензинската пумпа ако не ги продава омилените бонбони на нејзиното дете.

Е, тука го нема тоа. Всушност, можете да се обидете да се пожалите на персоналот, ама нема да постигнете апсолутно ништо со тоа.

„Ние мразиме добра услуга“, е мотото во ресторанот на Карен, а гостите се враќаат токму поради тоа.

Храната е добра, услугата  намеро ужасна 

Во Каренс нудат хамбургери, крилца, помфрит и повеќето пржени јадења, коктели и пиво што понекогаш може да ги разладите.

Нивниот одговор на прашањето што можат да му понудат на гостинот е добра храна, добра забава и искуство кое не можете да го доживеете никаде на друго место.

Единствено што бараат е да не баратр да му се јават на менаџерот затоа што и нему не му е гајле што ви пречи. И ако се викате Карен, ќе добиеш бесплатен пијалак.

Засега рестораните „Каренс“  ги има во Австралија (Брисбејн, Мелбурн, Перт, Сиднеј) и во Велика Британија, односно во Манчестер и Шефилд.