Добре, добре – нашата пејачка Сара Мејс како Бугарката Глорија во ТВ-серијата “Преспав“

146

Можеби не е најсреќна околност сега да зборува на бугарски јазик со оглед на жешкиот спор со соседна Бугарија, но на познатата пејачка Сара Мејс и се посреќи да добие улога во македонската ТВ-серија “Преспав“. Таа веќе го проби мразот како гостинка во една од епизодите играјќи ја Бугарката Глорија.

Улогата на Сара подразбира дека нејзината Глорија, која доаѓа од Европската Унија, ќе треба на останатите во пансионот да им ги смени балканските навики и да им воведе западноевропски што секако ќе и оди многу тешко, ама и комично.

Пејачката вели дека и за време на снимањето се забавувала и смеела до солзи бидејќи улогата е феноменална.

Но, и за оние кои не знаат, Сара има завршено Музичка академија токму во Бугарија, па оттука бугарскиот јазик одлично го зборува. А и секако дека “обича да говори“!  Д.М. фото:ФБ