На северот на Шведска, се чини дека зимската сезона веќе започна сериозно, а метеоролошката служба издаде портокалово предупредување за снег и ветер во комбинација со снежни врнежи во делови од внатрешноста на северниот дел на Норботен, објавија денеска локалните медиуми.
Некои градови наголемо забелеа, а во Кируна во Лапонија измерени се и до 40 сантиметри снег, што е најголема количина во овој дел од годината во последните 118 години.
Локалниот сообраќај е привремено во прекин,а не соображаат ниту училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви.
Шведскиот септемвриски рекорд за снежни врнежи е 62 сантиметри во Сосјо во Јамтланд, а толку снег падна на 28 септември 1954 година.
Во јужните делови на Шведска, пак, снегот е далеку, па до крајот на оваа недела во Скане се очекуваат температури до 25 степени.
#BREAKING #Sweden Up to 40 centimeters of snow fell in Kiruna, Sweden. pic.twitter.com/iFw7gWjZAO
— The National Independent (@NationalIndNews) September 21, 2023