Доаѓа времето на божиќни базари во Европа: Виена ја отвора сезоната на варено вино

93

Виена се украсува забрзано, се монтираат дрвени куќички, се печат переци, се вари вино и се кити елката пред Градската куќа (Rathausplatz) и со градоначалникот и на блех музика официјално ќе биде отворена сезоната на божиќните базари.

Во тој момент ќе блесне градот и 150 дрвени тезги ќе почнат да мирисаат на варено вино, пржени бадеми, крофни и останати зимски радости.

Пред Градските куќи секој ден од 10 до 22 ќе работи лунапарк, во специјална куќичка ќе се примаат писма за Дедо Мраз, ќе биде отворено лизгалиште на 3000 квадратни метри и сите тезги, а од 16 часот госпел хорови ќе пеат божиќни песни.

Секоја година, пред дрвото украсено со срциња, некое момче ќе побара девојка за жена.

За децата се најинтересни работилниците кои се организираат на приземјето на Градската куќа каде што може да се прават вистински подароци: свеќи, колачиња, шолји…

Најстар божиќен базар е оној во Фрајанг кој се одржува од 1772 година, а денес тука се продаваат австриски сувенири. За постарите посетители се наменети романтичните базари пред барокните палати Белведер и Шонбрун, а за помладите забавата е во Пратер и во Музејскиот кварт каде што настапуваат диџеи секоја вечер. Сите божиќни базари се затвораат на 26 декември, ама програмата продолжува до 7 јануари.

Интересно е тоа што божиќните базари настанале во Баварија каде што и денес повеќето строго се придржуваат до традицијата, па почнуваат точно четири недели пред 35 декември. Први се отвораат пазарите во Ахен и Дизелдорф, на 22 ноември, па следи Берлин на 25, Дрезден на 27, па Нирнберг на 28. декември.

Переците-златници во градската каса

Божиќните пазари во Виена започнуваат секоја година порана, бидејќи оваа манифестација го полни буџетот на градот.

Минатата година Виена оствари 16,5 милиони ноќевања (хотелите нудат над 66.000 легла), а заработувачката изнесуваше рекордни 793 милиони евра. Најбројни туристи се Германците, па домашните гости, следат туристи од САД, Велика Британија и Италија.

Шолјите стануваат сѐ поскапи

Варено вино, кафе, пунч, топло чоколадо, се пијат од шолји кои чинат од пет до 6,5 евра.
Пијалаците чинат околу 3,5 евра, а кој не сака да си земе шолја како сувенир ќе добие две евра назад.

Интересно е тоа што пијалаците секоја година се сѐ поскапи, а почетната цена на шолјата изнесуваше од 3-4 евра. Навистина, некогаш во Виена имаше само еден дизајн на шолји на штандовите, а сега се сѐ поубави и поинтересни.