Дневник на Педро Алмодовар: Долг пат до ноќта!

185

Култниот шпански режисер Педро Алмодовар, ги поминува во изолација овие страшни денови и ноќи, особено кога во неговата земја секојдневно се зголемува бројот на болните и мртвите. Алмодовар долго од избувнувањето на епидемијата не се огласи во медиумите, а неодамна прифати покана од дневниот весник „Ел диарио“ да напише збор-два за тоа како се чувствува. Насловен како „Долгиот пат до ноќта“, Педро Алмодовар веќе објави неколку свои, „дневни белешки“, а ви пренесуваме дел од еден од нив:

„Одбив да пишувам до овој миг. Не сакав да оставам писмени докази за чувствата што ги доживеав во првите денови на изолација. Можеби затоа што првото откритие ми беше дека оваа ситуација не се разликува од вообичаената за мене: да живеам сам. Првите девет дена, не сакав да напишам ниту збор. Но, утрово пристигна вест која изгледаше како наслов од рубрика црн хумор: „Мадридската ледена палата ќе стане мртовечница“. Потсетува на италијански хорор филм, но во Мадрид.

Поминав веќе многу денови затворен. Во петокот, 13 март, се изолирав. Оттогаш се организирам да и се спротивствам на ноќта, темнината. Впрочем, живеам како дијвак, во ритмот што го постави светлината која ѕирка од прозорецот и терасата. Пролетта е во полн ек! Навистина стигнаа пролетните денови! Ова е едно од најмагичните чувства на секојдневниот живот, нешто заборавено што отсекогаш постоело. Дневната светлина и нејзиното разновидно патување – пред да падне ноќта. Долго патување во ноќта, но не страшно, туку радосно. (или само истрајувам во тоа, вртејќи и се на агонијата од она што се случува)

Оваа ноќ, како и денот, нема редослед ниту распоред. Застанав во брзањето. И мирно уживам во дневната светлина (или само истрајувам во тоа, вртејќи и се на агонијата од она што се случува)…