Дињо откри што мислел со контроверзната изјава

48
epa10104919 Former Brazilian soccer player Ronaldinho Gaucho participates as a guest in a soccer, tennis and skills contest dedicated to him, in a shopping center in Quito, Ecuador, 03 August 2022. EPA-EFE/Jose Jacome

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо, го привлече вниманието со контроверзната изјава против бразилската репрезентација и ветување дека нема да го гледа Бразил на Копа Америка.

-Го реков тоа за да добијам реакција од сите. Ќе навивам за Бразил како никогаш претходно. На Бразил му е потребна оваа поддршка, младите фудбалери имаат голем талент и неопходна им е поддршка од бразилските луѓе. Сега е Копа Америка и ние можеме да го освоиме трофејот. Се здружив со Рексона за поддршка на Бразил и ќе креираме масивен ланец за поддршка на Бразил, изјави Дињо.