Дирекцијата на ЈП „ПОЦ“ привремено на друга локација

314

Од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ информираат дека поради голем дефект со електричното напојување, нивната дирекција привремено е преместена на друга локација.

Канцелариите се сместени кај Градски ѕид, булевар „Свети Кирил и Методиј” број 7/1, локал 18 (позади Автомакедонија).

Од „ПОЦ“ ги замолуваат сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат наплата да одат дирекно во привремените канцеларии или да го сторат тоа онлајн на www.poc.mk.