Директорот на „Дојче банк“ ги повика Германците работат многу повеќе за зајакнување на економијата

56

Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Зевинг денеска ги повика Германците да работат повеќе за да помогнат во обновата на германската економија, велејќи дека просечната работна недела во Европската унија е околу 34 часа, во споредба со околу 28 часа во Германија.

„Инвеститорите веќе се сомневаат во нашата способност за реформи, но особено во нашата способност и нашата волја за реформи. Поголем раст во Германија ќе дојде само ако го промениме нашиот однос кон работата, ако сме подготвени да работиме поинаку, но генерално да работиме се повеќе и повеќе “, рече тој, пренесува Политико.

Зевинг рече дека Германија треба да прифати подолги работни недели.

„Нема да успееме со просечни 28 часа неделно и пензија која започнува на 63 години“, рече тој и изрази загриженост за резултатите од регионалните избори во Тирингија и Саксонија, каде екстремно десничарската партија АфД заврши на прво и второ место.

„Жалам за силниот прилив на поддршка за партиите со екстремни позиции и, како и повеќето од нас, би сакал поинаков исход“, рече тој, додавајќи дека политичката нестабилност во земјата ќе ја намали атрактивноста на Германија како инвестициска дестинација.