Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Џафероски учесник на панел-дискусија во Сараево

11

На Универзитетот за Криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево денеска се одржа панел-дискусија на тема „Управување со ризиците во урбаните средини”.
На состанокот покрај научната и експертската фела од повеќе високообразовни институции, цивилната заштита на Федерацијата на Босна и Херцеговина, делагација од Филозофскиот факултет од Скопје, учествуваше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски.
Тој наведе дека дискусии од таков тип треба да бидат пример за сите земји и дека е неопходно регионот да се разбуди и да почне да соработува.
– Особено оваа панел-дискусијата ќе даде голем придонес за двете земји, истакна Џафероски.
Дискусијата беше поделена во две сесии, „Урбано планирање и антропогени загрозувања”, каде се истакна потребата да се воспостави цврста врска помеѓу заедницата и институциите и „Превенција на криминалитетот со примена на новите технологии, дизајн на урбаните средини и околината”, при што беше истакнат концептот на „Паметен град” (Smart city), што ги обединува речиси сите компоненти во урбаните средини