Директорката на Хуавеи постигна договор со обвинителството на САД

111

Финансиската директорка на Хуавеи, Менг Ванџу, кој е во притвор во Канада од 2018 година поради обвинувањата на САД за финансиска измама, ќе може да ја напушти земјата по договор со обвинителите, со што се елиминира еден од главните проблеми во американско -кинеските односи.

Финансиската директорка на „Хуавеј“ и ќерка на основачот на кинеската корпорација, се појави од Ванкувер преку видео врска на сослушувањето пред федералниот суд во Њујорк.

Според „Гардијан“, Министерството за правда испратило поднесок до судот во врска со обвинението што се товари против Менг во овој случај.

Според британскиот весник, во рамките на постигнатиот договор за признавање вина, таа признала некои грешки, а за возврат, федералните обвинители се согласиле прво да го одложат и конечно да се откажат од обвинувањата денес.

Менг беше уапсена на меѓународниот аеродром Ванкувер во декември 2018 година, според американска потерница во која беше обвинета за измама, бидејќи наводно ја измамила банката HSBC во врска со бизнисот на Хуавеи со Иран.

Таа од почетокот ги негираше обвинувањата и се бореше против екстрадиција во САД од Канада, а по апсењето беше во домашен притвор во Ванкувер под надзор на приватното обезбедување, што самата го плаќа според договорот за условно ослободување.

Решавањето на овој случај може да отстрани еден од неколкуте големи спорови меѓу САД и Кина и да придонесе за ослободување на двајца Канаѓани, Мајкл Ковриг, поранешен дипломат и Мајкл Спевор, бизнисмен, кои беа уапсени неколку дена по Менг и обвинети, без докази , за шпионажа наведува Гардијан.