Директорката на ДСЗИ е 14 дена во самоизолација поради контакт со близок член на семејството позитивен на Ковид-19

106

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ), доктор Ирина Бухова Сотирова е во 14-дневна самоизолација поради контакт со близок член на семејството, кој е позитивен на Ковид 19.

“По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство. Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемолошката препорака, ќе останам дома. Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца. Искрено се заблагодарувам на сите за поддршката и грижата, напиша д-р Бухова.

Официјално соопштение е објавено на страната на ДСЗИ.