Директорат на ЕК за проширување: До крајот на годинава првата исплата за Западен Балкан

655

Директорот на Директоратот за проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман изјави дека првите средства од Програмата за развој на Западен Балкан ќе бидат исплатени до крајот на годината за сите земји од регионот, освен можеби за БиХ, доколку не ја комплетира реформската агенда наскоро.

По презентирањето на Планот за регионален развој во Европскиот парламент, тој на новинарите им рече дека Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, кои постигнаа најголем напредок во реформите, ќе станат членки на Единствената платежна област на ЕУ (СЕПА).

Копман додаде дека сите шест земји од регионот, вклучително и Србија, очекуваат инвестиции од ЕУ, дека работат на напредок во реформите и дека оваа работа може да се види.