Дипломатски скандал: Грчкиот конзул ги пофаќал патничките и стјуардесите

8

Конзулот на Република Грција во Црна Гора Теодорос Михалопулос сношти предизвика дипломатски скандал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Имено, Михалопулос се обидел да влезе во авионот кој превезувал патници од Белград за Подгорица, но тоа не му било дозволено затоа што бил во состојба на тешка алкохолизираност.

Како што дознава белградски „Блиц“, грчкиот конзул кон жените вработени на аеродромот, но и кон некои патнички, се однесувал, пристојно кажано – недолично.

За тоа дека Михалопулос бил мртов пијан сведочи и фотографијата на која се гледа како зашеметен, со извадени чевли, спие на седиштата во чекалницата на аеродромот.