Во северозападниот дел на Кина е сместен античкиот град Дунхуанг, кој претставува крстопат на трговските патишта на Патот на свилата. Градот лежи на работ на пустината Такламан и е еден од првите трговски градови во кои пристигнуваат трговците, доаѓајќи од западната страна на територијата на Кина.
За овој град, кој во текот на милениумите продолжил да зрачи со својот сјај, во последниве години беа направени континуирани напори да бидат интегрирани сите културни ресурси, што резултираше со туристички бум.
Според најновите статистички податоци од Одделот за култура и туризам на Дунхуанг, оваа година Дунхуанг го посетиле над пет милиони туристи, кои биле восхитени од неговите убавини.

На почетокот од септември, вкупниот број туристи што го посетиле градот достигнал 5,45 милиони, што, во споредба со тој период во 2019 година, претставува раст од 25,9 проценти.
Дунхуанг е познат по своите богати култура и историја, како и по пејзажите, кои им го одземаат здивот на посетителите.
Градот може да се пофали со атрактивни убавини, како што се пештерите Могао, планината Мингша, преминот Јумен и превојот Јангуан, од кои секоја им нуди на посетителите разновидни искуства за доживување на убавините.
Пештерите Могао се прогласени за светско наследство на УНЕСКО и тие претставуваат ризница на културата Дунхуанг, привлекувајќи безброј љубители на уметноста и на историјата од сите страни на светот. Планината Мингша и пролетната полумесечина се слават низ уникатните природни пејзажи среде песочните пустински дини, додека премините Јумен и Јангуан им нудат на туристите патување низ историјата, внесувајќи ги во величествените мигови на античките времиња.
Неодамна, градот Дунхуанг ја претстави политиката за поттикнување на зимскиот и на пролетниот туризам. Пештерите Могао ќе добијат дополнителни четири пештери, зголемувајќи го вкупниот број од осум на дванаесет во шпицот на сезоната.
Програмата за културолошки студии во Дунхуанг ќе добие силна поддршка оваа сезона, со цел сè поголем број студенти да може да се бидат сместени во овој град, на живописни места. За време на оваа програма, бројот на пештери отворени за јавноста ќе се зголеми од осум на тринаесет, и ќе бидат вклучени стручни водичи.
Со цел да се стимулира туризмот, градот Дунханг планира да воведе туристички возови, чартер-летови и промотивни тури со бесплатен влез за дополнително да се зголеми бројот на посетителите во зимскиот и во пролетниот период.