Дино Мерлин кој има свое вистинско име и презиме Един Дервишхалидовиќ и кој е еден од најголемите балкански музички ѕвезди, денес стана дедо, и тоа за првпат. Неговиот син Хамза и снаата Џанета го добија својот прв син за кого го одбраа името Незир. Внучето на Дино го доби името по прадедото Незир, таткото на сопругата на Мерлин.

-Мајката и бебето веќе се дома и се чувствуваат одлично. Честитки пристигнуваат од сите страни, вели извор близок на среќното семејство.

Инаку, Дино за дочекот на Новата 2020 година настапи на скопскиот Плоштад за огромна сума на пари, се зборуваше за хонорарот од 100 илјади евра поради што скопскиот градоначелник беше жестоко критикуван од македонската јавност. (Д.М.)